Инструкции за отварање на PayPal сметка со македонска кредитна/дебитна картичка

Следете ги следните инструкции за отварање на PayPal сметка доколку сакате да ја поврзите со кредитна/дебитна картичка издадена од некоја од македонските банки

*НАПОМЕНА може да се користат само VISA кредитни/дебитни картички.

**Ве молам прво прочитајте го упатството до крај па потоа вратете се тука и започнете со следење на инструкциите.

***Доколку веќе имате PayPal сметка и сакате само да додадете македонска картичка (или да додадете втора картичка на истата сметка) започнете да ги следите инструкциите од Чекор 5.

Чекор 1.
Одете на www.paypal.com и кликнете на Sign Up.




Чекор 2.
На следната страна која ќе се отвори одберете земја: Slovenia и кликнете Get Started во делот PayPal for you.


Чекор 3. 

3.1 На следната страна пополнете ги сите полиња. 
  • Внесете валидна e-mail адреса затоа што подоцна ќе треба да ја потврдите истата. 
  • Внесете ја Вашата точна адреса на живеење во Македонија
  • Во полето State/Province/Region внесете Macedonia, а во полето Postal code внесете го поштенскиот код на Вашиот град.
  • Во полето Mobile number внесете било што (на пример: 0501234567).
  • ОДШТИКЛИРАТЕ го Link my credit card so I can start shopping right away (recommended) - податоците за кредитната/дебитната картичка ќе ги внесите подоцна.
  • Прифатете ги условите за користење на PayPal со штиклирање на By ticking the box and clicking the button, I agree and consent to the terms of:
и кликнете на Agree and Create Account за да продолжите понатаму.


3.2 На следната страна внесете го текстот од сликата и кликнете Continue.


3.3 Следната страна која ќе се отвори ќе Ви побара да внесете информации за Вашата кредитна/дебитна картичка. НЕ ВНЕСУВАЈТЕ НИШТО. Кликнете на Go to My Account.


3.4 Со ова вашата PayPal сметка е отворена. Треба уште да ја потврдите вашата e-mail адреса и да ја поврзете Вашата кредитна/дебитна картичка.


Чекор 4. 

Сега треба да ја потврдите вашата e-mail адреса.
4.1 За да го направите тоа кликнете на Confirm email address во делот Notifications кој се наоѓа на десната страна на екранот.


4.2 Слената страна која ќе се отвори ќе Ве информира дека кодот за потврда веќе е испратен на Вашата e-mail адреса. 


4.3 Сега треба да ја отворите вашата електронска пошта (ВО НОВО ЈАЗИЧЕ) и да ја видите пораката која Ви ја испрати PayPal. Кликнете на Link Now.


4.4 Следно треба да ја внесете Вашата PayPal лозинка и кликнете Login.


4.5 Следно ќе треба да ги ажурирате податоците за Вашата PayPal сметка. Одберете ги двете безбедносни прашања и напишете Ваши одговори за нив. Делот Nationality оставете го Slovenia. Потоа кликнете Submit.


4.6 На следната страна кликнете Log Out во горниот десен агол од прозорецот.


4.7 Затворете ги сите јазичиња од PayPal.

* Во случај да не можете да кликнете на Link Now следете ги следните чекори во спротивно продолжете со Чекор 5.

4.3.1 Во случај да не можете да кликнете на Link Now во електронската порака која ја добивте од PayPal вратете се во јазичето од PayPal и кликнете на Click here if the button does not appear in the email во делот Step 2: Click The Confirmation Email Button.


4.3.2 Во следната страна внесете го кодот кој го добивте во електронската порака.
(кодот се наоѓа на крајот од пораката која ја добивте во долниот лев агол

 )


Внесете го кодот во делот Please enter it here и кликнете Confirm.


4.3.3 Продолжете со Чекор 4.4.

Чекор 5.

Сега остана само да се поврзи вашата кредитна/дебитна картичка.

5.1 Одете на www.paypal.com, внесете ја e-mail адресата со која се регистриравте и Вашата лозинка и кликнете Log In за да пристапите во Вашата PayPal сметка.


5.2 Откако ќе ја отворите вашата PayPal сметка кликнете на Withdraw во горниот дел од страната.



5.3 На следната страна која ќе се отвори кликнете на Withdraw funds to your card.




5.4 Следната страна која ќе се отвори е страната каде што треба да ги внесете податоците за Вашата кредитна/дебитна картичка.

Можете да внесете Ваша кредитна/дебитна картичка или картичка која гласи на некој друг член од вашето семејство но мора да го има истото презиме како Вашето, затоа што презимето не може да се смени.

Пополнете ги следните полиња:
  • Внесете име или оставете доколку е Вашето во делот First Name.
  • Видот на картичката во делот Card Type може да биде само VISA.
  • Внесете го бројот на Вашата картичка во делот Card Number.
  • Одберете ја датата на валидност на картичка во делот Expiration Date.
  • Внесете го три цифрениот безбедносен код на картичката кој се наоѓа на задната страна во делот Card Security Code
  • Оставете го селектирано полето Use this address as billing address.
  • Кликнете Add Card за да ја поврзете Вашата картичка со PayPal.


Откако ќе кликнете на Add Card вашата картичка ќе биде поврзана со вашата PayPal сметка и можете да ја користите за плаќање со истата преку PayPal.

Откако целосно го прочитавте и разбравте ова упатство вратете се на почетокот и следете ги инструкциите за да направите PayPal сметка со македонска кредитна/дебитна картичка. 
Кликнете овде за да се вратите на врвот.

Доколку веќе имате PayPal сметка и сакате само да додадете македонска картичка (или да додадете втора картичка на истата сметка) започнете да ги следите инструкциите од Чекор 5.

Доколку Ви помогнав можете да ме почастите пиво со кликање на Donate копчето подолу преку вашата PayPal сметка :)



Поврзување на Вашата PayPal сметка со eBay

За да купувате на eBay (најчесто) потребно е да имате PayPal сметка.

*Доколку немате PayPal сметка следете ги овие инструкции за да отворите.

За отварање на еBay сметка и поврзување на истата со вашата PayPal сметка следете го ова упатство.

**Ве молам прво прочитајте го упатството до крај па потоа вратете се тука и започнете со следење на инструкциите.

Чекор 1.

Одете на www.ebay.com и кликнете на register.



Чекор 2.

Пополнете ги полињата на страницата која што ќе ви се отвори и потоа кликнете на Submit (најдобро е да ја користите истата e-mail адреса на која Ви е ригистирана PayPal сметката)



Доколку податоците кои ги внесовте се точни кликнете Continue на пораката која ќе Ви се појави, во спротивно кликнете Change email address поправете ги информациите кои ги внесовте, кликнете Submit па Continue



Со ова завршивте со креирањето на eBay сметката.



Чекор 3.

Откако ќе ја направите Вашата eBay сметка треба да ја поврзите со Вашата PayPal сметка.

3.1 За да ја поврзите Вашата eBay сметка со Вашата PayPal сметка кликнете на My eBay во горниот десен агол на екранот.



3.2 Во страната која ќе се отвори застанете со стралката од глувчето врз Account и од паѓачкото мени што ќе се отвори кликнете на PayPal Account.



3.3 На следната страна кликнете на Link My PayPal Account во делот Already have a PayPal account?


3.4 Следно ќе бидете префрлени на страна каде што ќе треба да ги ажурирате Вашите податоци. Пополнете ги полињата со Вашите точни информации (име, адреса...) затоа што овие податоци ќе се користат за достава на работите кои ќе ги порачате преку eBay, одберете сигурносно прашање и одговор и кликнете Continue.


3.5 На следната страна ќе треба да ја напишете e-mail адресата на која Ви е регистрирана PayPal сметката и лозинката на Вашата PayPal сметка (доколку ја користите истата e-mail адреса за PayPal и eBay, таа ќе биде веќе внесена), потоа кликнете Link Your Account.


3.6 Последен чекор е на страната која ќе се отвори да кликнете Return to eBay.


Со кликање на копчето Return to eBay вашите eBay и PayPal сметки се поврзани и можете купувате производи од eBay кои ќе ги плаќате со вашата кредитна/дебитна картичка која ја имате поврзано со Вашата PayPal сметка.

Откако целосно го прочитавте и разбравте ова упатство вратете се на почетокот и следете ги инструкциите за да направите eBay сметка и да ја поврзите со Вашата PayPal сметка.
Кликнете овде за да се вратите на врвот.

Доколку веќе имате eBay сметка и сакате само да ја поврзете истата со Вашата PayPal сметка започнете да ги следите инструкциите од Чекор 3.

Доколку Ви помогнав можете да ме почастите пиво со кликање на Donate копчето подолу преку вашата PayPal сметка :)